• недела, 22 декември 2024

„Зад Македониумот“ - изложба во претседателскиот Кабинет

„Зад Македониумот“ - изложба во претседателскиот Кабинет

Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Изложба насловена „Зад Македониумот“ ќе биде отворена попладне од 17 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

На изложбата ќе бидат престатвени скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на Македониумот во Крушево, еден од нашите најпознати споменични обележја. Изложбата во Кабинетот на Претседателот е организирана по повод одбележувањето 31 година независна македонска држава. За широката јавност изложбата ќе биде достапна за посета преку платформата Отворен Кабинет, од 22 до 30 септември 2022. хс/дма/

Остани поврзан