• среда, 08 мај 2024

Загина 73-годишен тракторист во велешко Сујаклари

Загина 73-годишен тракторист во велешко Сујаклари

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Жител на велешко Сујаклари вчера загинал откако врз него се превртел трактор.

Како што информира МВР, вчера во 14.45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на село Сујаклари, Велешко, констатирале смрт кај А.К.(73) од село Сујаклари, Велешко.

Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него.

Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан