Загина 34-годишен маж во сообраќајка на патот Штип - Карбинци
- Од СВР Штип информираат дека вчера околу 23:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Карбинци, на влез во село Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот В.Л. од село Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб.

Штип, 10 март 2025 (МИА) - Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип Карбинци загина 36-годишен маж од село Карбинци.
Од СВР Штип информираат дека вчера околу 23:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Карбинци, на влез во село Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот В.Л. од село Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб.
Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. вдј/дма/
Фото: МИА