• среда, 15 мај 2024

Загина тракторист во сообраќајка со автомобил

Загина тракторист во сообраќајка со автомобил
Неготино, 29 октомври 2022 (МИА) - Загина тракторист во сообраќајка меѓу трактор и автомобил во неготинско. Информацијата вечерва за МИА ја потврди Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.
- Околу 17 часот било пријавено дека на локалниот пат село Липа - село Каљанево, се случила  сообраќајна незгода помеѓу трактор управуван од С.А. (1943) од Неготино и ПМВ ,,сузуки", управувано од Д. Ѓ. (1967) од Неготино. На лице место, С.А. им подлегнал на повредите, смрт била констатирана од страна на Итна медицинска помош, а Д. Ѓ бил пренесен во Здравствен дом Неготино, појасни Ангеловски. свд/бак/

Остани поврзан