• четврток, 26 март 2026

Загина мотоциклист од кумановско Лопате на автопатот Табановце-Куманово

Загина мотоциклист од кумановско Лопате на автопатот Табановце-Куманово

Куманово, 20 јули 2025 (МИА) - Мотоциклист од кумановското село Лопате, излетал од коловозот на автопатот Табановце-Куманово и починал на местото на несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

- Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош, информираше полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судската медицина за обдукција. Увид извршила екипа на кумановската полиција. ам/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан