• вторник, 03 декември 2024

Загина градежен работник во Гевгелија

Загина градежен работник во Гевгелија

Струмица, 3 декември 2024 (МИА) - Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град.

Според информацијата од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија.

-Б.Б. бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал, стои во полициската информација.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на ОВР Гевгелија.рт/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан