Општина Маврово и Ростуше со информација кои патишта се под нејзина надлежност за зимско одржување
- По последните настани околу блокирани патишта на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, поради снежните врнежи, и одредени, како што се наведува, шпекулации, Општината информира за тоа кои патишта се под нејзина, а кои под надлежност на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, со цел да не се манипулира јавноста.
Дебар, 3 декември 2024 (МИА) – По последните настани околу блокирани патишта на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, поради снежните врнежи, и одредени, како што се наведува, шпекулации, Општината информира за тоа кои патишта се под нејзина, а кои под надлежност на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, со цел да не се манипулира јавноста.
Во соопштението стои дека патот кој води од браната Маврово, преку селата Маврово, Ниќифорово и Леуново, околу езерото, па се до приклучокот кај местото Бунец е регионален пат и е во надлежност на Јавното претпријатие.
Под надлежност на Општина Маврово и Ростуше се локалните патишта кои водат од регионален пат до населените места, за кои „општината има обврска за ангажирање на механизација за редовно зимско одржување и фрлање абразивен материјал“.
Исто така се наведува дека е дезинформација дека општината избрала фирма „која не поседува механизација“ и се додава дека тендерската постапка сè уште не е завршена.
-Исто така сакаме да ги информираме нашите граѓани дека општината со сопствена механизација ги одржува локалните патишта за кои има надлежност се до избор на фирма за зимско одржување, која според постапката за јавни набавки треба да биде избрана најдоцна до 10 овој месец, се нагласува во соопштението.
Во изминатите денови, стои во соопштението, беа исчистени локалните патишта до селата Врбен, Церово и улица во село Леуново каде имаше болна жена. Денес се чистат локалните патишта кон село Дуф, Сретково и останатите села кои водат од регионален пат до влезовите на населените места.
Во соопштението, објавено на сајтот на Општината, во прилог објавен е и список на вид на делници и вид на коловоз за кои општината има обврска за редовно одржување. вт/дма/
Фото: Општина Маврово и Ростуше