• вторник, 14 мај 2024

Завршува серијата „Сексуално образование“ - четврттата сезона е и последна

Завршува серијата „Сексуално образование“ - четврттата сезона е и последна

Лос Анџелес, 6 јули 2023 (МИА) - Познатата тинејџерска хумористична серија „Сексуално образование“ (Sex education) се ближи кон својот крај. Имено, четвртата сезона ќе биде и последна, а премиерно ќе се прикажува од 21 септември годинава, откри вчера Нетфликс.

Во кусата видеонајава за претстојните епизоди, го гледаме главниот лик Отис Милбурн, незваничен секс-терапевт кого го глуми Аса Батерфилд, како држи говор пред група ученици и несмасно открива дека сè што научил за сексот е од неговата мајка... За последнава сезона се враќаат и Џилијан Андерсон (мајката), Нкути Гатва, Ејми-Лу Вуд и Ема Меки.

Некои обожаватели се тажни поради крајот, но други, пак, велат оти „треба да се знае кога да се прекине со она што е добро“, како што напиша еден корисник на Твитер.  си/сд/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан