• сабота, 22 февруари 2025

Завршни зборови во судскиот процес против Додик

Завршни зборови во судскиот процес против Додик

Сараево, 19 февруари 2025 (МИА) – Во Судот на Босна и Херцеговина денеска завршни зборови на обвинителот и одбраната на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в.д. на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, кои се обвинети за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.

Ако Додик и Лукиќ бидат прогласени за виновни можат да бидат осудени на пет години затвор и забрана за политичко дејствување.

Судскиот совет има рок од три дена да донесе пресуда.

Највисоките претставници во РС, по состанокот пред два дена, најавија радикални одлуки доколку судот ги прогласи Додик и Лукиќ за виновни. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан