Завршницата на Македонскиот ракометен куп во Кавадарци
- Кавадарци ќе биде организатор на годинaшното издание на завршниот турнир во Купот на Македонија во ракомет, во машка и женска конкуренција, кој идниот месец ќе се одржи во салата „Јасмин“, од
Скопје, 20 април 2022 (МИА) – Кавадарци ќе биде организатор на годинaшното издание на завршниот турнир во Купот на Македонија во ракомет, во машка и женска конкуренција, кој идниот месец ќе се одржи во салата „Јасмин“, одлучи Ракометната федерација.
Полуфиналисти во машка конкуренција се Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје, додека на завршниот турнир во женска конкуренција се пласираа ланските победнички ЖРК Куманово, како и ЖРК Чаир, Ѓорче Петров и ЖРК Металург.
Жрепката за полуфиналните двојки дополнително ќе биде извршена. ег/вј/