• вторник, 05 ноември 2024

Завршна конференција „Грижи се машки – од свесност до вклученост“

Завршна конференција „Грижи се машки – од свесност до вклученост“
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА - Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, денеска во Скопје ќе се одржи завршна конференција „Грижи се машки – од свесност до вклученост – второ издание, Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“. На конференцијата ќе се дискутира за два сегменти: за мулти-професионалната превенција на родово насилство, работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата и советување на мажи во Северна Македонија и за вклучување на мажите и момчињата во превенцијата и борбата против родово базираното насилство. Како што е најавено на конференцијата ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, Харалд Фугер аташе за Северна Македонија, австриско Министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, Ели Скамбор директорка на Здружение за машки и родови прашања - Стирија, Тања Иванова претседателка на Реактор – Истражување во акција и Бојан Јовановски извршен директор на ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување. Како панелисти, покрај претставници на Реактор – Истражување во акција и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, обраќање ќе имаат и претставници од Здружението за машки и родови прашања - Стирија од Грац, Австрија, етаблирани експерти, како и прeтставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, кои ќе зборуваат за институционалните напори во оваа насока. дма/мд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан