• петок, 05 декември 2025

Заврши 14. издание на ТИФФ ОДА, за најдобар долгометражен филм прогласен „Сите го викаат Реџо“

Заврши 14. издание на ТИФФ ОДА, за најдобар долгометражен филм прогласен „Сите го викаат Реџо“

Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Со филмот „KOMA" во режија на Агим Абдула и со доделување на наградите синоќа заврши 14. издание на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА. Во текот на изминатите 14 дена беа прикажани над 44 филмови од сите жанрови и за сите возрасти. 

За најдобар долгометражен филм беше прогласен филмот „Сите го викаат Реџо“ на Ибер Деари, филм во кој и актерот Африм Мучај ја доби наградата за најдобра машка улога. Филмот ја понесе и наградата за најдобар млад актер која му припадна на актерот Ледион Мулаки. 

Наградата за најдобра женска улога ја доби актерката Греса Паласка во филмот „Капка вода“, а за најдобра млада актерка е прогласена Миа Жиро во филмот „Прво убијте ги децата“. 

Во категоријата на кратки филмови, наградата за најдобар филм ја доби филмот „Победа“ на Зулфикар Филандра, а наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Без ефект“ од Динко Кумановиќ. 

Оваа година фестивалските филмови беа прикажани во просториите во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ и Европската куќа (Europe House), a влезот беше слободен. бак/лв/

Фото: ТИФФ ОДА

 

Остани поврзан