• сабота, 06 декември 2025

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Пиринска“

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Пиринска“

Штип, 10 јули 2025 (МИА) - Почна асфалтирањето на улицата „Пиринска“ во Штип. По повеќе од половина век оваа улица целосно ќе биде реконструирана, со нова водоводна мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарските површини со бекатон плочки.

Граѓаните кои живеат овде главно се задоволни од она што се работи на терен, велат после долги години нема да газат кал и прашаина, а дополнително имаат и нова подземна инфраструктура.

Во соопштението од Општина Штип се вели дека на улицата „Пиринска“ изминатиот период се работеше на промена и реконструкција на водоводната линија со вкупна вредност од над 2,8 милиони денари.

- Станува збор за промена на подземна инфраструктура стара 50 години, Се работеше и на уредување на тротоарските површини и поставување павер елементи на површина од 1900 метри квадратни, за што се издвоија 1,8 милиони денари, се вели во соопштението од Општина Штип.

Асфалтирањето на улицата „Пиринска“ е со вкупна површина од 3.830 метри квадрати,  за што од буџетот на општината се издвоија 5,5 милиони денари. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан