Заврши реконструкцијата на улицата ,,Маршал Тито" во беровското село Русиново
- Во беровското село Смојмирово заврши реконструкцијата на улицата „Маршал Тито" која ги поврзува жителите со регионалниот патен правец Берово - Делчево. Финалните работи од реконструкцијата на
Берово, 5 ноември 2021 (МИА) - Во беровското село Смојмирово заврши реконструкцијата на улицата „Маршал Тито" која ги поврзува жителите со регионалниот патен правец Берово - Делчево. Финалните работи од реконструкцијата на оваа улица, како што информираа од Општината, се реализираа во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2021 година.
-Реконструкцијата заврши со поставување нов асфалт и истата се реализираше во должина од 593 метри, при што извршено е проширување на коловозот на улицата, која воедно е главна артерија на селото и се спојува со регионалниот пат, информираа од Општината.
Со реконструкцијата на оваа улица, како што додадоа, голем број жители од селото добиваат олеснет пристап до своите семејни куќи, со што е заокружена поголема целина на патна мрежа со проширен коловоз.
Половина од средствата во износ од 3,5 милиони денари се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на селата, додека останатите 50 проценти се кофинансирање од општинскиот Буџет.вс/бт/