• понеделник, 01 јули 2024

Заврши изградба на локален пат во Општина Старо Нагоричане

Заврши изградба на локален пат во Општина Старо Нагоричане
Куманово, 1 јули 2022 (МИА) - Заврши асфалтирањето на локален пат во Општина Старо Нагоричане, соопштија денеска надлежните. Патот е реконструиран со средства обезбедни од Бирото за рамномерен регионален развој преку проектот на североисточниот плански регион „Создавање услови за рурален развој, развој на туризмот и развој на земјоделството во североисточниот плански регион“. - Заврши асфалтирањето на патот Попчовци-Богдановци во должина од 920 метри. Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој преку Североисточниот плански регион. Еден од приоритетите на општината е подобрување на патната инфраструктура и подобри услови за живеење, објави градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска. Како што претходно информираа од Центарот за развој на североисточниот плански регион за Општина Старо Нагоричане одобрени се два проекти во вредност од седум милиони денари и едниот се однесуваше на изградба на патот Попчевци-Богдановци, а вториот за реконструкција на зградата на општината.ам/фф/

Остани поврзан