Завршена велопатеката на улицата „Свети Кирил и Методиј“
- Заврши изградбата на новата велосипедска патека на улицата „Свети Кирил и Методиј“. Со ова, „Големиот ринг“ во Скопје е целосно поврзан и заокружен за велосипедистите.
Скопје, 17 јули 2020 (МИА) - Заврши изградбата на новата велосипедска патека на улицата „Свети Кирил и Методиј“. Со ова, „Големиот ринг“ во Скопје е целосно поврзан и заокружен за велосипедистите.
Новата велосипедска патека, како што иформираат од Град Скопје, е поставена на коловозот за сметка на стеснетите коловозни ленти, односно постојните три коловозни ленти се стеснуваат од 3,5 на 3 метри. , Стеснувањето на коловозните ленти, според гладските власти, ќе придонесе за намалување на бризината со која се движат моторните возила, а со тоа се зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Велопатеката е со ширина од 1,5 метри и е физички одвоена од лентите за возилата со заштитни рефлектирачки столпчиња, а за нејзина изградба се отстранети сите „ситилајт“ реклами од тротоарите.
-Со изградбата на новата велосипедска патека, Големиот Ринг во Скопје целосно е заокружен за велосипедистите, поточно велосипедски патеки се изградени на булеварите Кочо Рацин, Свети Климент Охридски, Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков и сега на улицата Свети Кирил и Методиј, се наведува во соопштението на Град Скопје. бт/ац/