• понеделник, 23 декември 2024

Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители и голема инвестициска зона

Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители и голема инвестициска зона
Скопје, 28 мај 2022 (МИА) - Со Отворен Балкан пред големите странски инвестиори сега ние нема да бидеме пазар со два, туку сме пазар со 12 милиони жители, што значи потенцијалот на регионот за странско инвестирање станува далеку поатрактивен и поисплатлив и наскоро регионот ќе биде инвестициска дестинација, изјави вечерва националниот координатор за „Отворен Балкан“ Марјан Забрчанец. Забрчанец, во гостувањето на телевизија Сител, појасни дека „Отворен Балкан“ е слободен проток на луѓе, стоки и услуги. -Станува збор за подобри односи помеѓу самите држави. Да илустрирам со пример, камионите кои транспортираат одредена стока не чекаат долго по граници и на контролни пункови, туку поминуваат многу поедноставно и побрзо. Ние и веруваме на контролата на Албанија и на Србија, а тие и веруваат на нашата контрола. Ако камион со лубеници од Албанија треба да патува кон Србија ќе биде проверен еднаш или ниеднаш. Ако на тој камион му требале 30 часа да ги мине сите процедури и контроли и гранични точки, сега тоа се прави далеку побрзо и поефикасно, за само неколку часа, изјави Забрчанец. Тој посочи дека сега се во фаза на подготвка на софтвер за слободен пазар на труд со Србија и Албанија, односно признавање на дипломите и да се тргнат работните дозволи. аа/

Остани поврзан