• четврток, 04 декември 2025

„Забрането“ - нова песна на Марија Спасовска

„Забрането“ - нова песна на Марија Спасовска

Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) - Марија Спасовска - една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, по речиси една година пауза има нова песна.

„Во перидот којшто е зад неа младата пејачката беше посветена на факултетот и студиите на престижниот американски „Сити колеџ“ во Солун, каде што покажа дека не е само врвна во креирањето и изведбата на соспствената музика, туку и во совладувањето на знаењата, за што Марија беше прогласена за најдобар студент меѓу бруцошите во прва година. Заради отсуството од дома и академските обврски, разбирливо музиката беше на ’стенд-бај’, но не и креативноста, па така, Марија за време на летната пауза повторно е дел од второто продолжение на караван проектот ’Македонијо, во срце те носиме’, каде со нејзината изведба ја возобнови познатата охридска песна ’Ја излези стара мајко’. Во продолжение проследете го видеото на Марија Спасовска за да дознаете зошто е најубаво она што е ’Забрането’,“ се вели во известувањето.

Со искусната екипа познати македонски фолк и поп-ѕвезди, се вели, патува низ градовите во Македонија, каде што музичкиот караван има серија свои концерти на плоштадите. Но, својата лична авторска креативност, младата пејачка ја вткајала во својата најнова песна насловена „Забрането“. 

Песната неслучајно беше објавена во недела, 5 октомври - токму на роденденот на Марија, која на својот Јутјуб-канал премиерно ја емитуваше песната што заедно со видеото беше пуштена во интернет-просторот, па сега е достапна на сите стрим-платформи.

Инаку автор на музиката и стиховите е самата Марија, додека за аранжманот се погрижи Иван Јованов - Ивајо. Видеоспотот, пак, го потпишува Томислав Живковиќ.  си/

Фото: ПР-тимот

Остани поврзан