• петок, 05 декември 2025

Забрана за пловидба од дел од пристаништата во Атина поради силен ветер

Забрана за пловидба од дел од пристаништата во Атина поради силен ветер

Атина, 28 април 2025 (МИА) – Поради силен ветер, што во одредени делови достигнува и до осум и девет Бофори (над 65 километри на час), од рано утрово има забрана за пловидба од две од трите атински пристаништа, јави дописничката на МИА од Атина.

Забраната е во воведена за сите бродови и траекти од пристаништата во Лаврио и Рафина, додека од најголемото пристаниште Пиреас забраната се однесува на бродовите кон Кикладските острови, а редовно ќе сообраќаат оние кон островите што се во непосредна близина на Атина. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан