• среда, 17 декември 2025

Забраната на Трамп за патување за граѓани на 12 земји стапува на сила утре

Забраната на Трамп за патување за граѓани на 12 земји стапува на сила утре

Вашингтон, 8 јуни 2025 (МИА)  - Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од 12 земји стапува на сила в понеделник, минута по полноќ, со цел, како што изјави тој, да се заштити земјата од „странски терористи“.

Според Трамп, се проценува дека земјите со најстроги ограничувања засолнуваат „голем број терористи“, не соработуваат во издавањето визи, не го проверуваат соодветно идентитетот на патниците и не водат соодветна евиденција за кривичните досиеја.

Трамп, исто така, тврди дека нивните граѓани често остануваат подолго од важењето на нивните визи. зш/

 

Остани поврзан