• петок, 05 јули 2024

Заборски и Стојановиќ од Макпетрол ќе се борат за бронза на Светската карате лига

Заборски и Стојановиќ од Макпетрол ќе се борат за бронза на Светската карате лига

Ларнака, 30 септември 2023 (МИА) - Петар Заборски и Стефан Стојановиќ од клубот Макпетрол ќе се борат за бронзен медал на Светската карате премиер-лига, А Серија во Ларнака, Кипар. Двоецот на скопскиот клуб прикажа добри борби на досегашните натпреварувања. 

 

Во елиминацискиот дел од борбите Заборски извојува три последователни победи и еден пораз, а во репасажот славеше против претстaвникот на Грузија со прв освоен поен, бидејќи борбата заврши 1-1. Во соочувањето за бронзениот медал, тој силите ќе ги одмери со Вилијам Дијантете од Белгија.

 

Стефан Стојановиќ, исто така, забележа три победи и пораз, а преку репасаж стигна до борба за третата позиција. Во репасажот славеше против Богдан Трикос од Србија со 1-0, а за бронзата ќе се бори со Махди Ашури (Иран). 

 

Соочувањата за бронзените медали ќе се одвиваат утре (недела, 1 октомври).

 

Заборски пред една недела освои бронзен медал на Балканското првенство во Тирана. 

 

Денеска на турнирот во Кипар настапуваат Симона Заборска (-55 кг.) и Давид Петков (-67 кг.). зс/

Остани поврзан