• недела, 22 декември 2024

Заборски задоволен од настапот на Макетрол на „Кроација опен“

Заборски задоволен од настапот на Макетрол на „Кроација опен“
Скопје, 21 март 2022 (МИА) – Тренерот на карате клубот Макпетрол, Бошко Заборски е задоволен од настапот на престижниот турнир „Кроација опен“. Каратистите на Макпетрол освоија еден златен и два сребрени медали. - Задоволни сме од настапот на нашите каратисти на овој турнир. Макпетрол на турнирот настапи со вкупно 10 каратисти. Репрезентативците Петар Заборски, Петар Спасеновски и Глигор Петков настапија на ревијалниот турнир восениорска конкуренција, во апсолутна категорија. Тројцата наши сениори имаа по неколку победи и задоволни сме и од нивниот настап. Турнирот е секогаш со голем број на пријавени спортисти кои се истовремено и многу квалитетни. Резултатите кои се постигнати со освоените три медали од кои 1 (еден) златен и 2 (два) сребрени, како и два високи пласмани на петто места, говорат дека во моментов Макпетрол, навистина располага со квалитетни млади каратисти, истакна Заборски. Турнирот се одржа изминатиот викенд во Самобор. Учествуваа 1767 каратисти од 33 држави, односно 275 клуба. Златото го освои Стефан Стојановиќ, додека со сребрен медал се Данило Божовиќ и Јована Мицовска. зс/

Остани поврзан