• четврток, 21 ноември 2024

Забележителен настап на македонските шахисти на СП за слепи и слабовидни лица

Забележителен настап на македонските шахисти на СП за слепи и слабовидни лица

 

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) – Забележителен настап имаа четворицата македонски учесници на третото по ред Светско првенство во шах за слепи и слабовидни лица во поединечна конкуренција кое минатата недела се одржа во Црна Гора.

Македонија на СП ја претставуваа Мелник Стефан, Зоран Костадиновски, Жарко Селковски и Арсов Филип, кои покажаа одлична игра и борбеност и сите се вратија со дополнителни рејтинг поени, соопшти денеска македонската шаховска Федерација (ШФМ).

Особено забележителен настап имаше младиот Стефан Мелник кој го освои 9. место, додека Зоран Костадиновски се пласираше на 10. место.

ШФМ, како што е соопштено, и понатаму ќе ги помага активностите на Спортската федерација на слепи и слабовидни лица и ќе се залага за развој и промоција на шахот помеѓу слепите и слабовидни лица. ег

ФОТО: ШФМ

Остани поврзан