• петок, 22 ноември 2024

ЖФК Скопје доби опрема од компанијата „Моцарт“

ЖФК Скопје доби опрема од компанијата „Моцарт“
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) – Компанијата за приредување игри на среќа „Моцарт“ ја продолжи акцијата „Нови дресови за нови шампиони“, со донирање опрема на Женскиот фудбалски клуб Скопје кој успешно се натпреварува во Првата фудбалска лига. - Преку оваа иницијатива „Mozzart“ се труди да им даде поддршка не само на клубовите од најсилниот ранг, туку и на пониските лиги, односно неафирмираните спортисти. Од 2019 година редовно донираат опрема, па наскоро повеќе од 100 клубови од земјава, од различни спортови, ќе имаат ознака „М“ на дресовите. Оваа акција одамна е позната во регионот, каде повеќе од 6 000 спортисти добија нови дресови и го почувствуваа тоа шампионско чувство, соопштија од компанијата „Моцарт“. За донираната спортска опрема се заблагодари Илија Мандаров, тренер на ЖФК Скопје. - Донирањето на опрема многу им значи на нашите девојки, ова им е дополнителен ветер во грб пред продолжението на борбата во Првата лига. Драго ни е што „Моцарт“ ја препозна добрата работа во нашиот клуб и одлучи да не поддржи, ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати во вториот дел од шампионатот, изјави Мандаров. Досега речиси 90 клубови ширум земјава добија вредни комплети дресови, а на листата се најдоа и многу женски колективи. зс/

Остани поврзан