Жрепката за СП 2026 може да се одржи во Лас Вегас
- Лас Вегас ќе биде домаќин на ждрепката за Светското првенство во ФИФА во 2026 година.
Лас Вегас, 30 јули 2025 (МИА) - Лас Вегас ќе биде домаќин на ждрепката за Светското првенство во ФИФА во 2026 година.
Според „TUDN“ церемонијата на извлекување на групите ќе се одржи на 5 декември. Местото на одржување ќе биде „Сфера“ - музичка и забавна арена во Парадајс, источно од Лас Вегас Стрип.
Светското фудбалско првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. За прв пат, 48 репрезентации ќе играат на турнирот. зс/
Фото: ЕПА