• четврток, 26 март 2026

Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра

Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра

Велес, 18 септември 2025 (МИА) - Во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка синоќа во 21:15 часот пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14 илјади евра.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да  ѝ биде направена операција. Како што било  пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен

Од СВР Велес  со најава дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.ад/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан