• петок, 05 декември 2025

Жител на Калишта сакал физички да нападне вработена во јавно претпријатие во Струга

Жител на Калишта сакал физички да нападне вработена во јавно претпријатие во Струга

Струга, 15 март 2025 (МИА) - Вработена во јавното претпријатие „Колектор“ во Струга вчера на работното место била нападната од лице од струшкото село Калишта.

СВР Охрид денеска соопшти дека во 12 часот и 30 минути во службена просторија на јавно претпријатие во Струга, М.М. од струшкото село Калишта го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Тој, како што е наведено, се обидел физички да нападне вработена во претпријатието. 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан