Жител на Градско во казино бил нападнат од жител на село Виничани
- Едно лице од Градско пријавил дека бил физички нападнат во казино од еден жител од селото Виничани.

Велес, 23 ноември 2020 (МИА) - Едно лице од Градско пријавил дека бил физички нападнат во казино од еден жител од селото Виничани.
- Вчера во 17:35 часот во Полициската станица Велес, 27-годишниот Д.И. од Градско пријавил дека околу 17:15 часот во казино во Градско бил физички нападнат од 31-годишниот Г.В. од с.Виничани, Општина Градско, соопштуваат од СВР - Велес.
Од СВР - Велес информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/фф/