Жител на гевгелиско Негорци носел огревно дрво без лиценца за вршење јавен превоз
- Притоа е констатирано дека за дрвата имал испратница, но, дека превозот го вршел без да поседува лиценца за вршење јавен превоз, соопштија од СВР - Велес.
Демир Капија, 27 јануари 2026 (МИА) - Жител на гевгелиско Негорци превезувал огревно дрво без лиценца за вршење јавен превоз.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес денеска соопштија дека вчера на улицата „Партизанска“ во Демир Капија, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија извршиле контрола во товарно возило „ман“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К., на возраст од 53 години од село Негорци, натоварено со огревно дрво.
- Притоа е констатирано дека за дрвата имал испратница, но, дека превозот го вршел без да поседува лиценца за вршење јавен превоз. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес. свд/дма/
Фото: МИА архива