• четврток, 26 март 2026

Жител на велешко Горно Оризари приведен поради предизвикување пожар на отворен простор

Жител на велешко Горно Оризари приведен поради предизвикување пожар на отворен простор

Велес, 22 август 2025 (МИА) - Во село Горно Оризари, велешко, синоќа во 20:20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 46 годишниот  Е.Л. од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната Противпожарна Единица Велес, а повредени лица нема, информираат денеска од СВР Велес.

Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/

Фото: МИА

Остани поврзан