• петок, 22 ноември 2024

Жителите на Лешок собраа средства за дополнителни количини вода во системот

Жителите на Лешок собраа средства за дополнителни количини вода во системот
Тетово, 22 јуни 2021 (МИА) - Со средства собрани од жителите и на месната заедница во тетовското село Лешок на главната водоводна цевка се приклучени дополнителни извори со вода со цел да се подобри водоснабдувањето во селото. Од четири места-извори над селото спроведени се цевки и црева до главниот водоснабдителен систем. -Месната заедница и населението на село Лешок, во изминатиот период спроведоа акција за собирање на изворите со питка вода кај месноста под „Ѓенов камен” и истите со поставување на црева и цевки ги насочија кон главниот цевковод на селскиот водовод. Со ова се очекува, проблемите со водоснабдувањето со питка вода на селото, да се надминат во голема мера, изјави Јовица Попоски, претседател на месната заедница. Во Лешок проблемите во водоснабдувањето се јавуваат од август па затоа било потребно да се интервенира. -Се намалуваат количините вода од изворите, а и поради несовесно користење за наводување и миење се намалува и дотокот на вода во домаќинствата. Поради тоа за да има доволно вода, досега сме ја мешале изворската со вода од река. Сега со дополнителните четири извори нема да има потреба за тоа, па ќе има нормално водоснабдување, изјави Јовица Попоски. Вкупно 150 метри нови цевки се поставени од четирите извори до главната водоводна цевка. И самата водоводната мрежа е направена со самопридонес на мештаните пред неколку децении. ас/цр

Остани поврзан