• петок, 05 декември 2025

Жителите на Карбинци учествуваат во креирање на буџетот за наредната година

Жителите на Карбинци учествуваат во креирање на буџетот за наредната година

Карбинци, 3 декември 2025 (МИА) – Во Општина Карбинци во тек е предлагањето на идеи и предлози од страна на граѓаните за креирање на буџетот за 2026 година. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека според досега пристигнатите предлози, барањата се пред се во делот на инфраструктурата, односно се реагира за улици и патишта, тротоари кои наредната година би требало да бидат опфатени и реалзиирани.

-Ова го правиме по пат на лични контакти, односно, општината е отворена за секој еден сограѓанин кој сака да даде идеа за било каков проект, но и по електронски пат. Досега да бидам искрен имаме неколку проекти доставено од страна на граѓаните. Пред се се работи за проекти кои се во делот на инфраструктурата, рече Паунов.

Во Програмата за наредната година ќе бидат ставени и проекти кои беа дел од предизборната програма на Паунов. Тој се надева на реализација на проектот за продолжување на велосипедската патека од село Таринци до село Карбинци во должина од близу два километри.

-Општина Карбинци работи на изработка на техничка документација. Овде би го споменал проектот за поврзување на велосипедска патека од Таринци до Карбинци во должина од 1,8 километри. Се надевам доколку целата постапка биде завршена ќе влезе и во буџетирањето за наредната година, изјави Паунов.

Општината е отворена за сите граѓани, а своите предлози и идеи може да се доставуваат и по електронски пат. Целта е да се работат проекти кои се од големо значење за жителите на Општина Карбинци. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан