Живковски: Инвестирањето во знаење е инвестиција во успехот на Агенцијата
- Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска се обрати на третото советување наменето за правниците вработени во институцијата, посветено на темите „Видови запишувања во катастарот на недвижности“ и „Практична примена на Законот за катастар при отстранување грешки и ажурирање податоци“ на кое свои тематски обраќања имаа и судии од Управниот суд, се наведува во соопштенмието од Катастар на недвижноста кое МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска се обрати на третото советување наменето за правниците вработени во институцијата, посветено на темите „Видови запишувања во катастарот на недвижности“ и „Практична примена на Законот за катастар при отстранување грешки и ажурирање податоци“ на кое свои тематски обраќања имаа и судии од Управниот суд, се наведува во соопштението од Катастар на недвижноста кое МИА го пренесува интегрално.
Во обраќањето, Живковски ја нагласи важноста од континуирана едукација и професионална надградба, истакнувајќи дека правниците секојдневно се соочуваат со значајни предизвици во примената на законските одредби.
„Нашата цел е секогаш да можеме да кажеме ‘како што вели законот’. Тоа е основата на точната и законита работа на Катастарот“, истакна директорот, додавајќи дека судската практика има голема улога во правилната примена на законите и затоа е важен директниот осврт на судиите на клучните теми.
Живковски изрази задоволство што претходните советувања донеле позитивни реакции и барање од вработените за нивно продолжување. Тој посочи дека Агенцијата работи врз принципите на стручност, професионалност, транспарентност и ефикасност, што е во интерес на граѓаните и јавноста.
„Да инвестираме заедно во знаење – тоа е најважната инвестиција за успехот на
нашата работа“, рече Живковски во завршното обраќање, охрабрувајќи ја понатамошната едукација и унапредување на професионалните стандарди.
Агенција за катастар на РМ