• петок, 05 декември 2025

Жесус за трансферот на Феликс во Ал-Наср: Нема алкохол во Саудиска Арабија, нема одвлекување на вниманието од фудбалот

Жесус за трансферот на Феликс во Ал-Наср: Нема алкохол во Саудиска Арабија, нема одвлекување на вниманието од фудбалот

Ријад, 8 август 2025 (МИА) – Тренерот на Ал-Наср, Хорхе Жесус, раскажа како успеал да го убеди Жоао Феликс да се пресели во саудискиот клуб од Челзи. Бенфика беше заинтересирана за играчот ова лето.

- Тој не беше играч на Бенфика, туку на Челзи. Беше на пазарот, па можеше да оди во Ал-Наср или во друг тим, во зависност од условите што му беа понудени. Верувам во неговиот фудбал, има способност што ми одговара на мојот напаѓачки пристап кон играта. Минатата година сакав да го однесам во Ал-Хилал, но тој одби и го избра Челзи. Сега отиде во Ал-Наср и мислам дека го направи вистинскиот избор, бидејќи е во земја каде што или играш или не играш. Нема друга опција: само треба да играш фудбал. Ништо друго. Саудиска Арабија е земја каде што нема алкохол, нема ноќен живот, нема забава. Тој оди во Саудиска Арабија и има само една опција - да игра, да се релаксира и да поминува време со пријателите и семејството. Нема друг избор, изјави Жезус за „О Џого“.

Кон крајот на јули, Ал-Наср го објави трансферот на 25-годишниот Португалец од Челзи. Според медиумските извештаи, трансферот изнесува 30 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан