• петок, 05 декември 2025

Жени од Словенија се обидуваат да го соборат Гинисовиот рекорд во плетење

Жени од Словенија се обидуваат да го соборат Гинисовиот рекорд во плетење
Љубљана, 6 февруари 2020 (МИА) - Две Словенки денеска го почнале својот маратон во плетење, со што сакаат да се впишат во Гинисовата книга на рекорди. Анита Кац и Јадранка Смиљич од Словењ Градец во северна Словенија, имаат намера да го урнат досегашниот светски рекорд во непрекинато плетење што изнесува 24 часа. Нивната цел се 30 часа и да употребат најмалку осум килограми волна. Вештите жени најавија дека ќе плетат облека за деца, но и општинскиот грб на Словењ Градец. Според прописите Гинис, натпреварувачките имаат право на секој час плетење имаат право на пет минути пауза, а натпреварувањето се снима и сè тоа го следи екипа од триесетина луѓе. си/

Остани поврзан