• сабота, 21 декември 2024

Жена бегала од лекари поради коронавирусот, па ѝ бил откриен тумор од 20 килограми

Жена бегала од лекари поради коронавирусот, па ѝ бил откриен тумор од 20 килограми
Неапол, 4 декември 2020 (МИА) - На една Италијанка што избегнувала лекари поради коронавирусот, ѝ бил откриен и отстранет тумор со широчина од 70 сантиметри и 20 килограми тежок. - Пациентката крајно се плашела од „ковидот“, па избегнувала прегледи и покрај неповолните симптоми... Со месеци, отокот растел сѐ дури жената, конечно, не решила да отиде на гинеколог. Ова резултираше со потврда на дијагнозата за карцином, рече вчера д-р Џовани Венаречи, раководител на одделот за хирургија во болницата „Кардарели“ во Неапол. Жената имала успешна операција и сега заздравува во својот дом. - Сè мина најдобро што можеше!, додаде хирургот. Лекарите од болницата во Неапол го лоцирале туморот кај карлицата на 64-годишната жена. си/ссм/

Остани поврзан