Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола во прекин
- Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.
Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.
- Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение. бак/аа/
Фото: МИА архива