Железничкиот мост во руската област Самара оштетен од експлозивна направа
- Железничкиот мост во руската област Самара е оштетен од експлозивна направа, објави прес-службата на железницата „Куибишев“.
Москва, 4 март 2024 (МИА) - Железничкиот мост во руската област Самара е оштетен од експлозивна направа, објави прес-службата на железницата „Куибишев“.
Направата, поставена на мостот на реката Чапаевка, експлодирала околу 5 часот по локално време.
Според првичните податоци, во експлозијата била оштетена оградата и потпорите на објектот во близина на брегот.
Движењето на возовите по мостот е прекинато. паг/
Фото: Википедија