• недела, 22 декември 2024

Железничката станица во Стразбур евакуирана поради пожар во воз кој превезувал европратеници за Брисел

Железничката станица во Стразбур евакуирана поради пожар во воз кој превезувал европратеници за Брисел

Стразбур, 10 октомври 2024 (МИА) - Попладнево избувна пожар во возот кој превезувал европратеници од Стразбур до Брисел поради што противпожарната и итната служба на францускиот град беа ставени во состојба на готовност, објави белгискиот сајт „Судинфо“.

Луѓето кои биле на железничката станица во Стразбур се евакуирани.

Портпаролот на Европскиот парламент, Емануел Фулон, на социјалната мрежа Х изјави дека дошло до експлозија, но дека причините се се познати. 

Според него, станицата била блокирана и луѓето постепено биле изнесувани.

Европратеникот Пеле Герцен напиша на Х дека на станицата во Стразбур има многу пожарникари, но патниците добиле малку информации.

Според него, евакуацијата била хаотична бидејќи луѓето биле повикани да се евакуираат и да го остават багажот, но дури откако некои од патниците веќе ја напуштиле станицата со својот багаж.

Возовите до и од железничката станица во Стразбур се прекинати. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан