• недела, 22 декември 2024

Жбогар: Добро е да се знае идниот официјален јазик на ЕУ

Жбогар: Добро е да се знае идниот официјален јазик на ЕУ
Скопје, 11 септември 2020 (МИА) - Македонскиот јазик е уште едно „мементо“ што го понесувам со себе дома. Иако припаѓа на истата група јазици како и словенечкиот, не секој го разбира автоматски. Затоа се вратив назад во училиште, бидејќи секогаш е добро да се знае (идниот) официјален јазик на Европската Унија, напиша на Твитер евроамбасадорот во заминување Самуел Жбогар. Жбогар функцијата евроамбасадор во земјава ја извршува од 1 септември 2016 година, кога го замени дотогашниот шеф на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел во јуни годинава го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на Жбогар. нд/ац/    

Остани поврзан