• среда, 26 јуни 2024

ЕХФ: Ракометарите до 19 години поразени од Грција

ЕХФ: Ракометарите до 19 години поразени од Грција

Скопје, 10 август 2021 (МИА) - Македонската репрезентација вечерва доживеа пораз од 26-30 од тимот на Грција во рамките на ЕХФ Шампионатот за ракометари до 19 години.

Нашата репрезентација постојано го бркаше резултатот со што на крајот на првото полувреме Грција ни бегаше за цели пет голови (11-16), кои се намалија на три дури кон крајот на натпреварот.

Најефикасни во редовите на С Македонија вечерва беа Илиоски и Ѓоргоски со по пет гола, додека, четири гола постигна Митев.

Турнирот, кој се одржува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, започна вчера, а нашата репрезентација до 19 години е во групата А заедно со Грција и Полска со која ќе се сретне во четврток. ар/

Остани поврзан