ЕХФ: Кадетите ја совладаа Швајцарија и се изборија за финале против Полска
- Машката ракометна кадетската репрезентација на С. Македонија се избори за финалето од ЕХФ шампионатот совладувајќи ја Швајцарија.

Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Машката ракометна кадетската репрезентација на С. Македонија се избори за финалето од ЕХФ шампионатот, совладувајќи ја Швајцарија.
По израмнетиот регуларен дел од полуфиналето, кој заврши со 28-28, се премина на изведување на пенали со кои ракометарите дојдоа до победа од 34-33.
Во финалето, македонската репрезентација ќе се соочи со Полска, која денеска издвојува победа од 41-29 против Босна и Херцеговина.
Турнирот се одржува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. ар/бак/