• недела, 19 мај 2024

ЕХФ: Кадетите поразени од Полска, С. Македонија втора на шампионатот во Скопје

ЕХФ: Кадетите поразени од Полска, С. Македонија втора на шампионатот во Скопје
Скопје, 15 август 2021 (МИА) - Машката кадетска ракометна репрезентација на Северна Македонија вечерва доживеа пораз од Полска и остана на второто место од ЕХФ шампионатот во Скопје. На полувреме, ракометарите заминаа израмнето, со резултат од 17-17, за во второто полувреме, Полска на момент да избега со плус пет поени кои беа тешко достижни за селекцијата на С.Македонија. На македонските ракометари работата дополнително им ја отежна и голманот на Полска, кој беше тешко совладлив и успеа да одбрани неверојатни удари со што победата стана уште потешко достижна. Македонската репрезентација, во финалето, кое се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, беше поразена од Полска со резултат од 33-35. ар/бак/

Остани поврзан