ЕХФ: Женската кадетска репрезентација на С.Македонија го освои финалето во Клаипеда
- Женската кадетска ракометна репрезентација на Северна Македонија денеска го освои финалето од ЕХФ Шампионатот во Клаипеда, Литванија.

Клаипеда, 15 август 2021 (МИА) - Женската кадетска ракометна репрезентација на Северна Македонија денеска го освои финалето од ЕХФ Шампионатот во Клаипеда, Литванија.
По нерешеното полувреме од 12-12, селекцијата на С.Македонија кон крајот на натпреварот обезбеди мала предност што и овозможи контрола на исходот од натпреварот со која нашите кадетки ја совладаа репрезентацијата на Исланд.
Со победата од 27-26, кадетките обезбедија место на Европското првенство со што се сместија меѓу најдобрите 16 селекции во Европа и во кадетска и во младинска конкуренција. ар/бак/