• сабота, 18 мај 2024

ЕХФ: Женската кадетската репрезентација на Македонија ја совлада Литванија

ЕХФ: Женската кадетската репрезентација на Македонија ја совлада Литванија
Клаипеда, 9 август 2021 (МИА) - Кадетската репрезентација на Македонија во женска конкуренција денеска ја совлада екипата на Литванија со 15-28 на вториот натпревар од ЕХФ шампионатот. Најмногу, вкупно осум погодоци на натпреварот постигна нашата репрезентативка Младеновска, додека, еден помалку од неа постигна Ризоска, а шест погодоци постигна Дукоска. На претходниот натпревар од овој шампионат, македонските ракометарки извојуваа убедлива победа од 33-15 против Косово, а во среда им претстои натпреварот со Шпанија. Финска ќе биде последниот ривал со кој ќе треба да се игра во четврток и од чиј исход ќе зависи и пласманот во полуфиналето. ар/цр

Остани поврзан