• четврток, 09 мај 2024

ЕХФ Еуро 2022: Франција убедлива на дербито со Црна Гора

ЕХФ Еуро 2022: Франција убедлива на дербито со Црна Гора
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Франција се доближи до полуфиналето на Европското ракометно првенство за жени, откако синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја победи Црна Гора со 27:19. Франција го задржа максималниот ефект, додека Црна Гора го претри првиот пораз на шампионатот. На другиот неделен дуел од Групата-2Холандија и Шпанија одиграа нерешено 29:29. Табела: Франција 6 бода, Црна Гора 4, Шпанија 3, Холандија 3, Германија 2 и Романија 2. Денес на распоредот се два натпревара од Групата-1 која се игра во Љубљана: Норвешка – Словенија (18 часот) Унгарија – Шведска (20:30). зс/

Остани поврзан