• петок, 10 мај 2024

ЕХФ Еуро 2022: Голем исчекор на Норвешка кон полуфиналето

ЕХФ Еуро 2022: Голем исчекор на Норвешка кон полуфиналето
Љубљана, 13 ноември 2022 (МИА) – Ракометарките на Норвешка се наоѓаат пред пласман во полуфиналето на Европското првенство 2022, откако синоќа ја победија Шведска со 27:25. За Норвешка ова беше четврта победа во исто толку натпревари на континенталниот собир со што го задржа максималниот ефект. На другиот саботен дуел од Групата-1 која се игра во Љубљана, Данска забележа триумф над Хрватска со 26:17. Табела Група-1: Норвешка 6 бода (3 натпревари), Данска 6 (4), Словенија 4 (3), Шведска 2 (3), Хрватска 2 (4), Унгарија 0 (3). На денешната програма се два натпревара од Групата-2 која с еигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје: Холандија – Шпанија (18 часот) Франција – Црна Гора (20:30 часот). зс/

Остани поврзан