• недела, 22 декември 2024

Ефитмов: Оставката на Дамева е политички фолклор и маневар

Ефитмов: Оставката на Дамева е политички фолклор и маневар

Штип, 3 декември 2024 (МИА) - Оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е политички фолклор, бидејќи на истекување на неколку дена од нејзиниот мандат е всушност политички маневар, вели државниот секретар во Министерството за правда, Дејанчо Ефтимов, кој денеска одговараше на новинарско прашање како ја коментира оставката на Дамева пред да почне и третата стручна дебата за во штипскиот Апелациски суд за Предлог законско решение за изменување и дополнување на Законот за Судски совет.

-Во однос на ова можам само да констатирам дека потегот, којшто го направи е добар во насока дека конечно се одважија да истите бидат пример. Сите оние коишто се инволвирани и во највисоките судски инстанци и во правосудниот систем ќе сносат одговорност доколку не постапуваат согласно позитивните законски прописи, односно ако истата постапуваше со темпото, динамиката којашто сакаше да ја воспостави врз основа на заклучок од колегиум да го продолжи мандатот истата ќе навлезеше во прекршување на позитивните законски прописи, конкретно на Кривичниот законик од член 353, со тоа што истата ќе правеше кривично дело и истата ќе имаше индивидуална одговорност, вели Ефтимов.

Посочи дека допрва следува воспоставување на правда во државата и сите кои се носители на највисоките инстанци во правосудниот систем треба да знаат дека ќе имаат индивидуална и кривична одговорност за секоја нивна лична постапка, којашто ќе ја преземат.

Прашан за обвинувањата на Дамева дека извршната власт се меша во работата на судската власт, Ефитомов со одговор дека на сите им е јасно и тоа не само на оние кои се во извршната власт, туку и на сите релевантни домашни и меѓународни организација, како и на експертите дека не функционира судската власт, а конкретно Судскиот совет.

-Во однос на изјавите коишто повеќе ги имаше политички, отколку стручни како претседател на Судскиот совет повеќе се држеше на политички тези во однос на тоа дека достигнувањата во нејзиниот мандат на Судскиот совет биле на незавидно ниво, сите знаеме дека имаме нефункционален Судски совет којшто работи под капата на одредени поголеми структури, коишто имаат влијание врз нив, не станува збор за никаков притисок, туку за барање на правда и отчетност и воспоставување на владеење на правото во правосудството и Република Македонија, изјави Ефтимов. вдј/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан