• вторник, 14 мај 2024

Ефикасно реми на Манчестер сити и Тотенхем во дербито на колото во Премиер лигата

Ефикасно реми на Манчестер сити и Тотенхем во дербито на колото во Премиер лигата

Манчестер, 3 декември 2023 (МИА) - Манчестер сити на домашен терен одигра нерешено со Тотенхем 3:3 вечерва во дербито на 14. коло на Премиер лигата.

Лондонци губеа до 90. минута, но успеаја да се вратат благодарение на голот на Дејан Кулушевски. Претходно Сон Хеунг Мин (6. минута) и Џовани Ло Селсо (69. минута) постигнаа гол за гостите.

За Сити погодија Сон (автогол 9. минута), Фил Фоден (31. минута) и Џек Грилиш (81. минута).

Манчестер сити (30 бодови) на крајот од колото падна на третото место во Премиер лигата. Тотенхем (27 бода) се искачи на петтото место во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан