• сабота, 21 декември 2024

ЕУ ја осуди пресудата за рускиот опозиционер Навални

ЕУ ја осуди пресудата за рускиот опозиционер Навални
Брисел, 22 март 2022 (МИА) -  Европска Унија силно ја осуди новата пресуда против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални од девет години затвор, оценувајќи ја како политички мотивирана. Рускиот правосуден систем и понатаму е инструментализиран против Навални... Го повторуваме нашиот повик до руските власти веднаш и безусловно да го ослободат, изјави вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Навални (45) денеска е осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери. Тој беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација, што сега е забранета во Русија и за навреда на судија во претходното судење. Навални веќе отслужува казна од најмалку две години и осум месеци во затворот  Покров, на околу 100 километри источно од Москва. ми/

Остани поврзан